Шарл Мишел му честита на Макрон: Можеме да сметаме на Франција во овие турбулентни времиња

пред 3 години

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, му честиташе на Емануел Макрон за неговиот реизбор за претседател на Франција, неколку минути по објавувањето на прелиминарните резултати.

Со пораката „Честитки драг Емануел Макрон“, Шарл Мишел на Твитер напиша:

– Во овие турбулентни времиња ни треба силна Европа и Франција која е целосно посветена на посуверена и постратешка Европска унија. Можеме да сметаме на Франција уште 5 години.

Share
Scroll to Top