Швајцарската влада не дозволи Данска да испрати оклопни транспортери од швајцарско производство во Украина, а одлуката ја образложи со својата политика на неутралност, што значи дека не снабдува зони на вооружени конфликти, пренесува „Ројтерс“.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Федералниот секретаријат за економски прашања (SECO) стави вето на понудата на Данска да и обезбеди на Украина околу 20 борбени возила на пешадијата „Пиран III“, јави швајцарската телевизија СРФ, пренесе британската агенција.