Шведска воведе ковид-потврди за вакцинација на туристите од нордиските земји

пред 3 години

Шведска ќе бара посетителите од другите нордиски земји да покажат пропусница за вакцинација на границата, бидејќи рестриктивните мерки постепено се засилуваат поради зголемувањето на случаите на ковид и загриженоста поради ширењето на сојот омикрон, соопшти денеска шведската влада.

Шведска бележи благ пораст на секојдневните болести во претходните денови, но на ниво кое е пониско од повеќето европски земји.

Повторно воведе одредени мерки, а властите најавија дека ќе бидат потребни дополнителни чекори доколку бројот на заразени продолжи да расте, објави „Ројтерс“.

„ Поради сојот омикрон, тешко е да се предвиди како ќе се одвиваат работите. Во Шведска сме во релативно подобра позиција, но кај нас зголемениот број на инфекции е товар за здравствениот систем“, изјави министерката за здравство, Лена Холенгрен.

Одлуката за воведување ковид-сертификат за вакцинација за нордиските земји ќе стапи на сила на 21 декември.

Share
Scroll to Top