Шведска и Финска заедно аплицираат за членство во НАТО?

пред 3 години

Шведска и Финска се договорија истовремено да аплицираат за членство во НАТО, пишува шведскиот весник „Експрес“.

Двете земји се согласиле да го поднесат барањето меѓу 16 и 22 мај, односно за време на посетата на финскиот претседател Саули Нинист на Стокхолм на 17 и 18 мај, пишува весникот, повикувајќи се на извор од шведската влада.

Финскиот „Илталехти“, исто така, објави дека Стокхолм му пренел на Хелсинки јасна желба двете земји да аплицираат за членство во Алијансата во исто време.

Share
Scroll to Top