Шведска планира да поднесе барање за членство во НАТО в понеделник на 16 мај, објавија локалните медиуми.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Весникот „Експрес“ ja објави веста врз основа на календарот за работа на шведскиот парламент.
„ Премиерот в понеделник ќе свика владина седница на која ќе се донесе историска одлука. Веднаш по средбата ќе биде поднесена апликација за членство во НАТО, доколку не се случи нешто непредвидено“, пишува весникот.
За понеделник веќе е свикана вонредна седница на парламентот, се наведува во написот.
Исто така, се посочува дека шведската влада в петок ќе објави извештај за безбедноста по почетокот на руската воена операција во Украина, а партијата на премиерот, социјалдемократите, ќе го изнесе својот став за членството во Алијансата на Недела, наведува весникот.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова неодамна изјави дека Русија ги предупредила Финска и Шведска за последиците од нивното влегување во НАТО.