Шведскиот премиер призна дека властите го потценилие првиот бран на вирусот

пред 3 години

Шведскиот премиер Стефан Лофвен изјави дека официјалните лица кои се залагале да не се воведуваат ограничувачки мерки за време на првиот бран на пандемијата го потцениле вирусот.

„Мислам дека многумина не сфатија каков бран се надвива над нас“, рече Лофвен во интервју за весникот „Афтенпостен“, пренесе АП.

Во Шведска, досега потврдени се 320.098 случаи на Ковид-19 и 7.514 смртни случаи на пациенти со коронавирус, значително повеќе отколку во соседните скандинавски земји.

Шведска сега е меѓу земјите каде што се на сила ограничувачки мерки и забрани за јавни собири, а на самиот почеток земјата предизвика контроверзи затоа што одби да воведе какви било мерки против коронавирусот, инсистирајќи на имунитет на стадо.

Share
Scroll to Top