Шест студенти се удавија во рудник во Кина

Шест студенти се удавија во рудник во Кина

пред 9 месеци

Шест студенти од универзитет во Кина се удавија за време на екскурзија во рудник во регионот Внатрешна Монголија во северна Кина, објави „Ројтерс“.

Трагедијата се случила кога студенти од Универзитетот во Шенјанг паднале во флотациски базен во рудник за бакар и молибден откога безбедносните решетки попуштиле, соопшти „Жонѓин голд“. Во несреќата бил повреден и еден професор.

Компанијата веднаш активирала план за вонредни состојби и ги известила надлежните локални власти за инцидентот, соопшти компанијата. Акциите на „Жонѓин голд“ паднаа за повеќе од 5 % во утринската трговија во Шангај по појавувањето на веста.

Производството во рудникот е запрено, објави денес 21st Century Business Herald. Според професор на Универзитетот, ваквите посети се организираат со години и инцидентот бил сосема неочекуван. Универзитетот го испратил својот персонал на местото на настанот за да ја управува ситуацијата.

Фото: принтскрин

Текстот Шест студенти се удавија во рудник во Кина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top