Шефот на „Виз Ер“: Европа нема да остане без гориво за авиони ова лето

Шефот на „Виз Ер“: Европа нема да остане без гориво за авиони ова лето

пред 2 часа

Унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Виз Ер“ планира 17 проценти повеќе летови ова лето отколку минатата година, со фокус на раст на пазарите на Балканот и Кавказот, изјави извршниот директор Јожеф Варади.

„Оваа година сме многу посилни во летните резервации отколку минатата година“, им рече Варади на новинарите на брифинг.

„’Виз Ер’ заштити 70 проценти од своите потреби за гориво за авиони во претстојната летна сезона од скокот на цените на горивото, нагласи тој.

Превозниците стравуваат од можен недостиг на гориво ако продолжи војната меѓу САД и Израел против Иран. Како резултат на нападот, Иран ја презеде контролата врз Ормутскиот теснец, забранувајќи го транзитот на бродови поврзани со САД, Израел и нивните сојузници.

Блискиот Исток е главен извор на гориво за европските превозници, потсетува „Ројтерс“.

Шефот на „Виз Ер“ верува дека Европа нема да остане без гориво за авиони ова лето.

Сепак, компанијата имплементираше бројни мерки за минимизирање на трошоците, рече Варади, но „не можеме да направиме многу кога станува збор за цените на билетите“, заклучи тој.

„Цените на керозинот би можеле да останат високи со месеци по завршувањето на војната“, признава шефот на унгарскиот превозник.

„Сега можеби е вистинското време Европа да ја преиспита својата зависност од снабдувањето со гориво од Блискиот Исток“, додава Варади, особено кога се зема предвид дека кризата би можела да резултира со уште пообемни исклучувања на транспортните капацитети оваа есен.

 

фото/Depositphotos

Текстот Шефот на „Виз Ер“: Европа нема да остане без гориво за авиони ова лето е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top