Шефот на германското разузнавање: Русија нема да се двоуми да го нападне НАТО

Шефот на германското разузнавање: Русија нема да се двоуми да го нападне НАТО

пред 5 часа

Шефот на германската разузнавачка служба БНД, Мартин Јегер, денес предупреди дека Русија нема да се двоуми да изврши воен напад врз која било земја-членка на НАТО.

„Целта на Русија е да ја заплаши Европа до точка на парализа и предавање“, рече тој на парламентарното сослушување на водечките претставници на германскиот разузнавачки сектор, пренесува Ројтерс.

Јегер нагласи дека никој не треба да се потпира на проценките дека Русија ќе биде подготвена за напад врз НАТО до 2029 година, бидејќи, како што изјави, „таков напад може да се случи и порано“.

Фото: принтскрин

Текстот Шефот на германското разузнавање: Русија нема да се двоуми да го нападне НАТО е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top