Шефот на ОН: Американскиот напад може да доведе до катастрофални последици

Шефот на ОН: Американскиот напад може да доведе до катастрофални последици

пред 3 месеци

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, го прогласи американскиот напад врз Иран за „опасна ескалација во регион кој веќе е на работ“, нагласувајќи дека тоа е директна закана за меѓународниот мир и безбедност.

„Постои се поголем ризик овој конфликт брзо да излезе од контрола, со катастрофални последици за цивилите, регионот и светот“, рече Гутереш.

„Во овој опасен момент, клучно е да се избегне вител на хаос. Нема воено решение. Единствениот пат напред е дипломатијата. Единствената надеж е мирот“, нагласи функционерот.

Текстот Шефот на ОН: Американскиот напад може да доведе до катастрофални последици е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top