Шолц повтори дека Германија не поддржува воведување зона на забранети летови над Украина

пред 3 години

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска повтори дека неговата земја нема да го поддржи воведувањето зона на забранети летови над Украина, ниту пак ќе испрати војници да интервенираат во руската инвазија на Украина.

„НАТО нема да стане страна во војната. За тоа се согласуваме со нашите европски сојузници и со Соединетите Американски Држави“, изјави Шолц пред германските пратеници.

Тој додаде дека Украина може да се потпре на Германија, која веќе обезбеди финансиска и воена помош, воведе строги санкции кон Русија и прифати стотици илјади украински бегалци.

Шолц рече дека Германија нема да го поддржи бојкотот на руската нафта, јаглен и гас, но и дека се обидува да бара добавувачи од други земји и да ја зголеми употребата на обновливи извори на енергија.

Share
Scroll to Top