Санкциите наметнати на Русија како одговор на нејзината инвазија на Украина нема да бидат укинати додека Москва не постигне мировен договор со Киев, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц, додавајќи дека условите за мир треба да ги одреди Украина.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Во интервју емитувано на јавната телевизија ЗДФ, Шолц рече дека рускиот претседател Владимир Путин се преценил себеси доколку очекувал да ја освои украинската територија, да прогласи крај на конфликтот и да гледа како западните земји ги укинуваат санкциите.
„Тој не размислуваше за целата своја операција во Украина. Тој не мислеше дека Украина ќе се спротивстави така. Тој не мислеше дека ќе ги поддржиме да траат толку долго. Нема да ги укинеме санкциите доколку не постигне договор со Украина“, рече Шолц.
„Нема да прифатиме руска анексија на Крим“
Канцеларот изјави дека Германија нема да ја прифати руската анексија на Крим.
„Тоа беше кршење на меѓународното право…тоа останува вистина“, рече тој.
Шолц додаде дека не планира да го посети Киев откако претседателот Франк-Валтер Штајнмаер се откажа од патувањето по негодувањето во Украина. Шолц ги отфрли критиките дека на почетокот бил премногу колеблив да испрати тешко оружје во Украина.
Германија минатата недела објави дека ќе и’ испорача на Украина противвоздушни тенкови ‘Gepard’.
Шолц се соочува со притисок да ја снабди Украина со тешко оружје, но и да го поддржи сегашното ембарго на ЕУ за увоз на руска енергијa.