Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга

Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга

пред 1 недела

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.

„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.

Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.

Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.

Текстот Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top