Шпански весник: Поразот на Вучиќ отвора врата за зближување меѓу Србија и ЕУ

Шпански весник: Поразот на Вучиќ отвора врата за зближување меѓу Србија и ЕУ

пред 3 часа

Изборниот пораз на Александар Вучиќ отвора врата за приближување на Белград кон Европската Унија (ЕУ) по неколку години студенило, според денешниот шпански весник „Вангардија“.

Во насловот на главниот извештај за надворешна политика, весникот пишува „Олеснување на врвот на ЕУ по победата на „Студентската листа“ во Србија и Лула во Бразил“.

Во напис од Брисел, весникот пишува дека „ЕУ ја поздрави победата на Инасио Лула да Силва во Бразил над крајнодесничарот Флавио Болсонаро, но особено победата на Студентската листа во Србија над Александар Вучиќ и неговото владеење повеќе од една деценија“.

Весникот оценува дека ова „ја отвора вратата“ за зближување меѓу Србија и ЕУ.

Тој подвлекува дека „во центарот на Унијата, блискоста на поранешниот српски претседател со Москва, како и извештаите за корупција, контролата на Вучиќ врз медиумите и недостатокот на увид во тоа што прави неговата влада во земја која е кандидат за членство во ЕУ од 2012 година, се следени со загриженост“.

Во извештајот, „Вангардија“ конкретно посочува на пораката на унгарскиот премиер Петер Маѓар до победничката Студентска листа и заклучува дека „запирањето на зајакнувањето на интересите на Русија и Кина во Западен Балкан стана стратешки приоритет на ЕУ, и тука е важен пресвртот на Србија, најголемата земја во регионот“.

Текстот Шпански весник: Поразот на Вучиќ отвора врата за зближување меѓу Србија и ЕУ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top