Шпионските авиони на НАТО тројно  ги засилија летовите над Црното Море

пред 3 години

Разузнавачките авиони на НАТО ги интензивираа летовите во воздушниот простор над Црното Море и годинава речиси трипати почесто прават прелети, вели командантот за воено воздухопловство и воздушна одбрана на Јужниот воен округ на Русија, Николај Гостев.

„Земјите на НАТО во последно време покажуваат вистински интерес за руските јужни граници“, изјави Гостев во интервју за Воениот билтен за Јужна Русија.

“Во споредба со лани, интензитетот на летовите за разузнавачки авиони на НАТО над Црното Море се зголеми речиси трипати. За споредба, авионите на нашите партнери од Западот извршија 270 извидувачки летови во 2019 година, околу 530 во 2020 година и повеќе од  560 од почетокот на годинава во јужната област на одговорност. “

Француски воени авиони и тактичките авиони на сојузничките сили на НАТО се приклучија на летовите на американските шпионски авиони и беспилотни летала.

„Ниту еден лет што го изведуваат не останува незабележан, а воздушните одбранбени способности на руската армија деноноќно ги следат овие летови и навремено реагираат со строго почитување на меѓународното право“, истакна командантот.

Share
Scroll to Top