Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер се уште молчи на барањето на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) да се откаже од сите функции во руските државни компании.
Ова го потврди и шефот на партијата Ларс Клингбајл.
„Јасно се оградивме политички. Сите сакавме Герхард Шредер да застане на вистинската страна на историјата најдоцна со почетокот на војната. Тој се одлучи за погрешната страна“, рече претседателот на СПД, истакнувајќи дека партијата покренала и дисциплинска постапка против Шредер.
Клингбејл и копретседателката на СПД Саскија Ескен испратија писмо до Шредер со ултиматум да се откаже од работните места во руските компании. Ескен на почетокот на март рече дека наскоро се очекува неговиот одговор.
Шредер има профитабилни позиции во компанијата која управува со гасоводите Северен тек 1 и 2. Покрај тоа, тој е и претседател на надзорниот одбор во државната компанија „Роснефт“.
Двојниот канцелар, од 1998 до 2005 година, наводно очекува позиција во надзорниот одбор на „Гаспром“.
Шредер долго време е цел на критики поради неговите блиски врски со Русија и неговото пријателство со претседателот Владимир Путин. Од руската операција во Украина, тој се најде под огромен притисок да се откаже од деловните функции.