„Што ако детето ми е киднапирано?“ – се огласи мајката на исчезнатата Сара

„Што ако детето ми е киднапирано?“ – се огласи мајката на исчезнатата Сара

пред 12 месеци

Сара Петровиќ (17) од Борча, Белград, исчезна денеска околу 13 часот, последен пат била видена во близина на ресторанот „Франш“.

Нејзината мајка плачејќи за српски Телеграф изјавила дека само сака детето што побрзо да го најде и дека се сомнева оти е киднапирана.

“Не знам ништо! Само сакам да ја најдам што поскоро. Сега одам во полициска станица. Се враќаше од забавата во Младеновац и оттогаш ја нема. И се јавив, ми крена некој, слушнав врева во автобусот, ама нејзе не ја чув. Не знам што се случува! Што ако моето дете е киднапирано?“, изјави таа за Телеграф.

Сара е висока 165 см, има кафена коса и очи и има тенка градба. Таа беше облечена во црно и носеше црн ранец.

Текстот „Што ако детето ми е киднапирано?“ – се огласи мајката на исчезнатата Сара е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top