Ѓоковиќ пристигна, но не доби виза за влез во Австралија

пред 3 години

Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, пристигна во Австралија, но не доби виза за престој во земјата.

Регионалната влада на државата Викторија го одбила повикот на граничните власти да го поддржи издавањето на виза за најдобриот светски тенисер.

Како што се наведува, властите посочуваат дека тимот на Ѓоковиќ испратил погрешен формулар за издавање на виза. Ѓоковиќ има виза со која не може да влезе како невакциниран и покрај медицинското ослободување од обврската.

Наводно, граничните служби ја повикале владата на Викторија да го одобри влезот на Ѓоковиќ, но од таму одбиле.

Тој пристигнал на аеродромот околу 13.30 часот по овдешно време и засега не може да влезе во земјата, па чека да се разреши ситуацијата со формуларот.

Во Австралија сега е полноќ и е прашање колку српскиот тенисер ќе треба да чека за да се разреши целата ситуација.

Share
Scroll to Top