Новинарскиот синдикат: Пресудата против ИРЛ е загрозување на слободата на изразување, судот не смее да кажува кој е новинар

Јавното обвинителство ја презеде истрагата за убиството на двајцата украински војници во Германија

пред 1 година

Главното јавно обвинителство во Минхен  ја презеде истрагата за убиството на двајца Украинци поради можност делото да е политички мотивирано.

Украинското Министерство за надворешни работи во неделата соопшти дека станува збор за двајца војници кои биле на медицинска рехабилитација во Германија, Владимир Кожин и Вјачеслав Безугли, кои биле пронајдени со убодни рани во близина на трговски центар во градот Мурнау во саботата навечер.

Германската полиција уапси 57-годишен руски државјанин под сомнение за убиство, пренесува АП.

Текстот Јавното обвинителство ја презеде истрагата за убиството на двајцата украински војници во Германија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top