Јанша: Ако ЕУ не се прошири, некој друг ќе го стори тоа

пред 3 години

Словенечкиот премиер Јанез Јанша смета дека закрепнувањето по пандемијата од Ковид 19 и проширувањето на земјите од Западен Балкан се клучни предизвици за ЕУ ​​во наредниот период.

„Ако ЕУ не се прошири, некој друг ќе го стори тоа“, им рече Јанша на словенечките дипломати пред шестмесечното претседателство со Унијата, кое започнува на 1 јули за неговата земја.

Словенија, која ќе биде домаќин на неформалниот самит ЕУ-Западен Балкан на почетокот на октомври, е особено важна заради нејзината близина до регионот, а проширувањето на ЕУ треба да биде одговор на предизвиците на третите чинители, вклучително и Турција, за која Јанша вели дека спроведува Балканска политика односно настојува да го забави проширувањето на Унијата.

Говорејќи за пандемијата, Јанша рече дека ниту една земја не била подготвена за пандемијата од Ковид-19, што се покажало во недостатокот на заштитна и медицинска опрема но и дека членките на ЕУ релативно успешно се согласиле за сеопфатен економски и финансиски пакет. Според него многу потешко ќе биде да се постигне договор за т.н „зелена транзиција“ во економијата.

ЕУ има 27 членки со различни економски структури и многу ќе зависи од тоа како Европската комисија ќе успее да ги реши специфичните проблеми на одделни земји, рече Јанша.

Share
Scroll to Top