Западот мора веднаш да го запре рускиот претседател Владимир Путин, бидејќи доколку падне Киев, тоа ќе има последици за цела Источна Европа, изјави премиерот на Словенија Јанез Јанша за порталот Еурактив.
„100 отсто сум убеден дека Русија нема да застане во Украина ако падне Киев, следната цел се Молдавија, Грузија, ќе има проблеми на Западен Балкан, а потоа балтичките земји се следната цел“, рече тој, предупредувајќи на „домино ефект“.
Во интервјуто, споредувајќи го Путин со поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ, тој рече дека е можно да се очекуваат исти ирационални чекори кога работите не одат според планот, пренесуваат агенциите во регионот.