Јанша го осуди потегот на Путин

пред 2 години

Словенечкиот премиер Јанез Јанша ја осуди одлуката на Русија да ги признае самопрогласените републики во Доњецк и Луганск и ја повика Европската унија да и понуди на Украина перспектива за полноправно членство.

„ Признавањето на двете сепаратистички територии во Украина е очигледно кршење на меѓународното право, од договорите во Будимпешта и Минск. Словенија го осудува овој нелегален чекор. ЕУ треба да ѝ понуди на Украина перспектива за полноправно членство“ напиша Јанша на Твитер.

Share
Scroll to Top