Јанша: Русија врши етничко чистење во Украина

пред 2 години

Словенечкиот премиер Јанез Јанша изјави дека некои акции на руската армија во агресијата против Украина го потсетуваат на етничко чистење.

„ Она што се случува во Украина не е само војна, туку етничко чистење на украинските градови долж Црното Море“, рече Јанша во парламентот, одговарајќи на пратеничко прашање за војната на Путин и ги спореди акциите на руската армија во кампањата во Мариупол со ситуацијата во БиХ под опсада на неколку градови, по што беше проследено со етничко чистење.

„ Војната во Украина ќе заврши кога таа земја сама со помошта што ја добива ќе биде доволно силна да ја запре пенетрацијата на руските војници“, рече словенечкиот премиер, додавајќи дека дури тогаш ќе започнат вистински, сериозни преговори.

Според него, токму затоа на Украина и е потребна помош во отпорот. Украинците всушност се борат за безбедноста и просперитетот на цела Европа, додаде тој.

Share
Scroll to Top