Јапонскиот министер за здравство ги прекршил мерките, по 21 часот отишол на вечера со службеници од министерството

пред 4 години

Јапонскиот министер за здравство Норихиса Тамура денеска се извини откако медиумите објавија дека службеници на Министерството за здравство се собрале во ресторан во Токио ноќе и со тоа го прекршиле законот за сузбивање на коронавирусот.

Тамура потврди дека 23 вработени во министерството вечерале заедно на 24 март и дека брзо ќе го испитаат случајот, објави агенцијата Кјодо, пренесува „Ројтерс“.

Токио и трите окружни префектури излегоа од вонредна состојба на 21 март, но владата нареди рестораните да се затворат до 21 часот и да ги ограничат јавните собири.

Според посебен извештај на весникот „Јомијури“, службениците на Министерството за здравство се собрале на проштална забава во паб во Токио, а некои останале до полноќ.

Share
Scroll to Top