Јапонскиот „твитер убиец“ осуден на смртна казна

пред 3 години

Судот во Јапонија денеска го осуди на смртна казна човекот кој уби девет луѓе откако ги контактирал на социјалната мрежа Твитер.

Такахиро Шираиши (30), познат во јавноста како „твитер убиец“, беше уапсен во 2017 година, откако во неговиот стан биле пронајдени делови од човечки тела, за време на потрагата за 23-годишна девојка од Токио, за која подоцна се дознало дека била една од жртвите.

Share
Scroll to Top