Јужна Африка е првата земја која почна да ја користи вакцината на „Џонсон и Џонсон“

пред 4 години

Јужна Африка стана првата земја во светот што ја користи вакцината од американската лабораторија „Џонсон и Џонсон“.
Првата вакцина од 80 000 дози ја прими медицинска сестра во болницата во Кејп Таун пред камерите.Вакцината потоа ја прими и претседателот Сирил Рамафоса. Уште 420 000 дози на американската лабораториска вакцина наскоро треба да пристигнат во Јужна Африка.

Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ спаѓа во групата на вакцини која содржи безопасен вирус на САРС Ков-2, кој не предизвикува заболување, но генерира имунолошки одговор, како што се и вакцините на „Астразенека“ и Универзитетот во Оксфорд, кинеската „Синофарм“ и руската „Спутник В“.

Share
Scroll to Top