Јужноафриканскиот претседател лут на Европа: Новиот сој не настана кај нас

пред 2 години

Претседателот на Јужноафриканската Република е бесен на Европа, која со брзање воведе рестриктивни мерки веднаш штом се појави најновиот вид на Ковид-19, сега наречен омикрон.

За време на своето обраќање Кирил Рамафоса истакна дека ваквата реакција на многу земји е спротивна на декларацијата, потпишана во Рим минатиот месец, во која беше речено дека претпазливо ќе ја третираат ситуацијата во помалку развиените земји.

Тој исто така рече дека ништо не се знае со сигурност за овој нов тип на вирус, освен дека првпат е откриен во Боцвана, а не во Јужноафриканската Република, која сакала да биде транспарентна, па веднаш пријавила, а тоа се свртело против неа.

Рамафоса особено е огорчен бидејќи многу светски земји, особено европските, веднаш го забранија патувањето во Јужноафриканската Република, што го смета за неосновано бидејќи се уште не се знае со сигурност како реагира или како се однесува овој нов вид на вирус.

Во Јужноафриканската Република на сила е полициски час од полноќ до 4 часот наутро и задолжително е носењето на маски.

Властите во Јужна Африка исто така бараат да се вакцинираат што е можно повеќе луѓе, иако не е познато колку е ефикасна вакцината за новиот сој. Одобрена е и бустер доза, најпрво за постарите лица, а се споменува и воведување задолжителна вакцинација.

Share
Scroll to Top