Њујорк ќе ги брка бездомниците од метрото

пред 2 години

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, вчера најави дека ќе избрка голем број бездомници од метрото кон кои се посочуваат во врска со порастот на криминалот.

Имено, стапката на криминал во Њујорк се зголемила во однос на претходната година, а насилните злосторства во метрото се зголемиле за 25 отсто меѓу 2019 и 2021 година во пет населби (Менхетен, Бруклин, Квинс, Бронкс и Стејтен Ајленд).

Од избувнувањето на пандемијата на коронавирус во 2020 година, стапката на деликвенција и екстремна сиромаштија се зголеми во овој град, особено во подземната железница, иако не го достигна нивото што го имаше во 1980-тите и 90-тите години.

Градоначалникот Ерик Адамс, демократ од десниот центар и поранешен полицаец, беше избран во ноември врз основа на програма за борба против криминалот. Тој најави дека дал инструкции на полицијата и на социјалните работници да ги протераат сите оние кои ќе спијат во вагони, на перони и во ходниците на метрото.

„Мрежата не е направена за домување, туку за превоз на луѓе“, рече Адамс, додавајќи дека се предвидени мерки врз основа на кои полицајците и социјалните работници ќе можат да ги испраќаат бездомниците во прифатилиште или болница.

Share
Scroll to Top