Ќе биде ли Хилари Клинтон следен американски амбасадор во ОН?

пред 3 години

Поранешната државна секретарка на САД,  Хилари Клинтон, може да стане амбасадор на администрацијата на Џо Бајден во Обединетите Нации, објави „Вашингтон пос“.

Според извештајот, кандидатурата на сопругата на Бил Клинтон во моментов се дискутира, но е далеку од сигурна. Тимот на Бајден, наводно, верува дека додавањето на Клинтон, која неславно загуби од Доналд Трамп во 2016 година и оттогаш останува остра критичарка, може да го зголеми американскиот престиж во очите на меѓународната заедница.

Доналд Трамп сепак не е толку желен да ја напушти Белата куќа. Додека Џо Бајден веќе добива честитки од потенцијалните колеги, кампањата на Трамп покренува правни процедури низ САД за да ги оспори резултатите од пребројувањето на гласовите во клучните држави Мичиген, Пенсилванија и Џорџија.

Како и да е, неговиот демократски противник сега формира преоден тим, а извештаите сугерираат дека една од главните улоги во неговата нова канцеларија не би можел да ја преземе никој друг, туку екс-претседателот на САД, Барак Обама, кој наскоро може да се упати кон Велика Британија како амбасадор на САД.

„Вашингтон пост“ исто така тврди дека поранешниот советник за национална безбедност, Тон Донилон, поранешниот сенатор од Делавер, Тед Кауфман, и екс-началникот на кабинетот Стив Ричети, би можеле да преземат улоги како високи советници на Бајден ако тој навистина го заземе своето место во Белата куќа на крајот од оваа изборната драма.

Поранешната прва дама на САД беше државен секретар на САД од 2009 до 2013 година под претседателство на Барак Обама. Таа се кандидираше за претседател двапати, и двата пати неуспешно, во 2008 година губејќи ја номинацијата на Демократите од нејзиниот иден шеф Обама, а потоа, во 2016 година, му ги предаде изборите на Доналд Трамп и покрај победата кај народот поради правилата на Електроскиот колеџ.

За време на предизборната кампања во 2016 година, беше откриено дека Клинтон интензивно ги користела своите лични електронски адреси за да испраќа класифицирани информации за време на нејзиниот мандат како државен секретар.

Генералниот инспектор на Стејт департментот на крајот откри стотици прекршувања на безбедносните процедури, но заклучи дека тие не биле ниту системски ниту намерни. Оваа тема доби голем публицитет за време на претседателската кампања на Клинтон.

После поразот од Трамп, Клинтон постојано тврди дека нејзиниот неуспех треба да се припише на мешањето на Русија во изборите во САД преку кампања за дезинформациии и наводно хакирање на електронските пораки на Демократскиот национален комитет, обвинувања за што не беа најдени докази во текот на двегодишна истрага на специјалниот советник Роберт Милер.

Share
Scroll to Top