Џил Бајден до бегалците од Украина: „Ви го чуваме грбот“

пред 3 години

Првата дама на САД, Џил Бајден, која сака да покаже поддршка за Украина и земјите кои и помагаат за време на нејзиниот престој во Европа, во Букурешт се сретна со членовите на семејствата бегалци кои побегнаа пред руската инвазија, пренесуваат медиумите во регионот.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Во придружба на Кармен Јоханис, сопругата на романскиот претседател, Џил Бајден го посети училиштето во кое има педесетина украински ученици. Таа разговараше со неколку деца, а потоа ги слушаше сведоштвата на наставниците и мајките кои и раскажаа за тешкотиите на кои биле подложени во Украина, јавуваат локалните медиуми.

„Вие сте исклучително силни. А ние ви го чуваме грбот, се надеваме дека го знаете тоа“, изјавила Бајден во разговорот со нејзините соговорници.

Романија, која граничи со Украина, досега примила повеќе од 860.000 бегалци. Според Фондацијата „World Vision“, половина или 40.000 се деца, од кои само 5 отсто се вклучени во образовниот систем на Романија.

На првиот ден од нејзината посета на Романија, првата дама на САД ги посети и американските војници распоредени во воздухопловната база „Михаил Когалничеану“ во источна Романија.

Од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, владата на Џо Бајден обезбеди околу 3,8 милијарди долари воена помош за Киев, анализираат медиумите.