Петтина од вработените во јавните институции на Велика Британија ќе бидат отпуштени со одлука на премиерот Борис Џонсон, кој им наложи на членовите на неговиот кабинет да направат план со цел да се врати бројот на вработени на ниво од 2016 година.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Министрите треба да направат план со кој ќе се заштедат повеќе од 1 милијарда долари во буџетот, што е дел од мерките насочени кон олеснување на сегашната криза на трошоците за живот на граѓаните, но и овозможување на донесување закон за намалување на даноците, пишуваат британските медиуми.
Премиерот Џонсон побарал планот да му биде доставен за еден месец, а опфатот на работната сила во владините административни сектори да се врати на нивото од 2016 година, што значи отпуштање на 90.000 вработени.
Во државната служба во Велика Британија во моментов има 475.000 вработени, а намерите на премиерот да ја намали таа бројка се окарактеризирани како популизам и неодговорен обид за намалување на државниот апарат.
„Секоја фунта што им се плаќа се пари на граѓаните што би можеле да ги искористат попаметно за сопствените животни потреби и приоритети, за нивните животи“, изјавил Џонсон.
Британската влада излезе со соопштение во кое се наведува дека во сегашната ситуација на зголемени трошоци за живот, јавноста очекува Владата да преземе конкретни чекори за справување со кризата, според медиумите.