Британскиот премиер Борис Џонсон му рекол на рускиот претседател Владимир Путин дека каков било упад во Украина би бил трагичен и погрешен, соопштија од кабинетот на Џонсон за време на нивниот денешниот телефонски разговор.
– За време на разговорот со рускиот претседател, премиерот изрази длабока загриженост поради актуелната непријателска активност на Русија на украинската граница – изјави портпаролот на британската влада, пренесува Ројтерс.
Како што е наведено, Џонсон укажал на потребата да се најде начин напред кој ќе го почитува и територијалниот интегритет на Украина и правото на самоодбрана.
Британскиот премиер исто така нагласи дека секој натамошен упад на Русија на украинска територија би било трагична погрешна пресметка.
– Лидерите се согласија дека влошувањето не е во ничиј интерес. Премиерот ја истакна важноста на дијалогот и дипломатијата, како и потребата да се вклучи Украина во преговорите.
Џонсон и Путин ја поздравија неодамнешната билатерална комуникација за прашања како што се климатските промени, Иран и Авганистан и се согласија да го применат овој дух на дијалог на актуелните тензии со цел да се најде мирно решение, се вели во соопштението на Кабинетот на британскиот премиер.
Пред повикот, кој требаше да се одржи на почетокот на оваа недела, но беше одложен затоа што Џонсон се бори против повиците на домашната политичка сцена да поднесе оставка, портпаролот на Кремљ го исмеваше британскиот лидер и „глупавоста и незнаењето“ на британските политичари, според Ројтерс.
Официјален Путин потврди и дека Путин и Џонсон во текот на денешниот разговор детално размениле мислења за внатрешната украинска криза, пренесува ТАСС.
– Путин, меѓу другото, ги разгледа клучните пристапи на Русија по ова прашање, а посебно беше истакнато дека Киев хронично ги саботира договорите од Минск – се наведува во соопштението на Кремљ.
За време на разговорите со британскиот премиер, рускиот претседател ја забележал и неподготвеноста на НАТО адекватно да одговори на загриженоста на Москва во однос на безбедносните гаранции, соопшти прес-службата на Кремљ.