Џорџ Буш: Зеленски е Черчил на нашето време

пред 3 години

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски „Черчил на нашето време“.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

На својот инстаграм-профил, по разговорот со Зеленски преку видеоврска, Буш изјави дека му се заблагодарува на украинскиот претседател за неговото лидерство, неговиот пример и посветеноста на слободата и ја поздравува храброста на украинскиот народ.

„Почестен сум што поминав неколку минути разговарајќи со претседателот Зеленски – Винстон Черчил на нашето време.

Претседателот Зеленски ме увери дека нема да се откаже од борбата против варварството и насилството на Путин“, напиша Буш.

Тој додаде и дека Американците се инспирирани од силата и издржливоста на Украинците и дека ќе продолжат да ги поддржуваат.

Share
Scroll to Top