Од минута во минута за најновите случувања на Блискиот исток!
17:47 Иран прогласува петдневна жалост
Али Хамнеи, врховниот лидер на Иран, прогласи петдневна жалост по убиството на Хасан Насралах, лидерот на Хезболах.
Тој рече дека крвта на Насралах „нема да остане неодмаздена“.
17:43 Атентатот на Насралах „оправдан“ како антитероризам
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац, изјави дека убиството на лидерот на Хезболах Хасан Насралах е „една од најоправданите антитерористички акции што Израел некогаш ги презел“.
Тој рече дека Насралах „го посветил својот живот на уништување на Израел“ и водел повеќе од 30 години „терористичка активност против Израел“.
Насралах „заслужи да биде симнат, и добро е што беше“, рече министерот и додаде: „Ќе продолжиме да ја чуваме безбедноста на Израел“.
17:42 „Не чекаат предизвикувачки денови“, рече началникот на израелската армија по убиството на Насралах
Началникот на израелската војска Херзи Халеви изјави дека Израел го чекаат „предизвикувачки денови“ по потврдата за убиството на Насралах.
Халеви ја заврши проценката на ситуацијата во Северната команда во Израел и рече дека неговите сили се на „највисока подготвеност“ офанзивно и одбранбено како подготовка за можна одмаздничка акција.
„Ние сме решени да продолжиме да ја уништуваме терористичката организација Хезболах и да продолжиме да се бориме. Ни претстојат повеќе мисии на сите фронтови – уништување на терористичките организации и нивните способности, враќање на нашите заложници.
„Мисијата е постојано пред нашите очи. Како и безбедно враќање на жителите на север и југ во нивните домови“, рече Халеви.
17:25 Нов израелски воздушен напад во областа Дахије во либанскиот главен град Бејрут
Израелската војска соопшти дека извршила воздушен напад во областа Дахије во Бејрут.
Тоа е округот што Израел го нападна и вчера попладне, што резултираше со атентат на лидерот на Хезболах Хасан Насрала.
17:09 Експлозии во Израел, луѓето бегаат во паника
Експлозии се слушнаа откако се огласија сирените во централниот дел на Израел, јавува Ројтерс. Сирените за воздушен напад ечат во Тел Авив и централен Израел. Снимките објавени на социјалната мрежа „Х“ покажуваат како луѓето бегаат во паника за да се засолнат.
⚡️Terrorist rats running in Tel Aviv following sirens pic.twitter.com/N0oQfOKW6H
— War Monitor (@WarMonitors) September 28, 2024
Ballistic missile attacks targeting Israel are being launched from Yemen. Sirens have begun to sound in Tel Aviv, and residents are rushing to shelters. pic.twitter.com/SC5zgELYoQ
— Gaza Notifications (@gazanotice) September 28, 2024
На мапа со црвено се означени таргетираните точки, а во објавата пишува „Масивен удар врз Тел Авив се случува токму сега, најверојатно од Хезболах“.
Massive strike on Tel Aviv happening right now, likely by Hezbollah pic.twitter.com/nW4xx2jNEc
— Iran Observer (@IranObserver0) September 28, 2024
Текстот (🔴 Во живо) Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, нова огромна експлозија го потресе Бејрут е превземен од МАКФАКС.