12 повредени во експлозија на пиротехнички средства во Берлин

пред 3 години

Дванаесет лица, меѓу кои и деца, се повредени во експлозија на нелегални пиротехнички средства на приватна новогодишна забава во Источен Берлин, соопштија пожарникарите.

Сите повредени, од кои најмладиот има 11 години, морале да бидат пренесени во болница за да се опорават од повредите.

Полицијата по истрагата соопшти дека нелегалната пиротехника очигледно била активирана на забава во областа Фридрихшаген, бидејќи бројот на повредени и тежината на нивните повреди не може да се објасни поинаку.

Пожарникарите добиле дојава за инцидентот нешто по полноќ и испратиле 40 лица на местото на настанот.

Share
Scroll to Top