Во акција на унгарската полиција, неодамна извршен бил преглед на автомобил со полска регистрација.
Возилото го управувал 13-годишен хрватски државјанин, кој на 10 август бил запрен на автопатот М1 во областа Коморан, пренесува Н1.
Заедно со момчето во автомобилот биле четири возрасни мажи кои тврделе дека се државјани на Сирија. Немале документи со нив за да го докажат тоа, па тие, заедно со момчето, биле приведени од полицијата.
Момчето, имајќи предвид дека е малолетно лице, нема да биде казнето за возење без возачка дозвола или за криумчарење луѓе, пренесува унгарски RMX News.