13 заложници од Газа сега со Црвениот крст, изјави израелски претставник

13 заложници од Газа сега со Црвениот крст, изјави израелски претставник

пред 12 месеци

Првата група израелски заложници сега се во рацете на персоналот на Меѓународниот комитет за Црвен крст и се во амбулантни возила на излез од Газа преку преминот Рафах, изјави израелски претставник.

Ослободувањето на 13-те заложници е првата од четирите очекувани фази. Хамас се согласи да ослободи 50-ина заложници во текот на четирите дена од примирјето со Израел, сите деца, мајки и други жени. Страните се согласија дека Хамас на крајот може да ослободи повеќе во замена за продолжување на прекинот на огнот за уште неколку дена.

Ослободените заложници се само мала група од речиси 240, што ги држат терористите од Газа.

Израел треба да ослободи 150 палестински затвореници, кои се држат поради терористички дела, сите жени и малолетни. Денеска ќе ослободи 39 за возврат да се вратат првите 13 Израелци.

Текстот 13 заложници од Газа сега со Црвениот крст, изјави израелски претставник е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top