До 150 американски војници и воена опрема ќе пристигнат во Бугарија оваа недела на заедничка обука, соопшти денеска Министерството за одбрана на земјата.
Американските војници и оклопни возила денеска и во четврток ќе преминат од Романија во Бугарија за да учествуваат во обуката насочена кон зајакнување на компатибилноста на трупите, се вели во соопштението на Министерството.
Рускиот претседател Владимир Путин синоќа потпиша указ за признавање на самопрогласените Донецка Народна Република (ДНР) и Луганската Народна Република (ЛНР) во источна Украина.