26 загинати во израелски напад врз локација за достава на хуманитарна помош во Газа

26 загинати во израелски напад врз локација за достава на хуманитарна помош во Газа

пред 2 дена

Најмалку 26 лица загинаа, а десетици се повредени, во близина на локација за дистрибуција на хуманитарна помош поддржана од САД.

Локален палестински новинар изјави за Би-Би-Си дека илјадници Палестинци се собрале во близина на центар за дистрибуција на хуманитарна помош кога израелските тенкови се приближиле и отвориле оган врз толпата.

Инцидентот се случил западно од Рафа, на југот од Појасот Газа, а повредените се лекуваат во една од ретките функционални болници во Газа во Кан Јунис.

Ова се случува во време кога САД се обидуваат да посредуваат во прекин на огнот, а Израел се соочува со меѓународни критики за хуманитарните услови во Газа.

Текстот 26 загинати во израелски напад врз локација за достава на хуманитарна помош во Газа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top