40 лица насилно упаднале во зградата на РТС во Белград, полицијата ги уапсила

пред 4 години

Српската полиција денеска уапсила 40 члена на организацијата „Достојни за Србија“, кои наводно незадоволни од работата на РТС, насилно влегле во зградата на таа телевизија во Белград, пишува српски „Телеграф“.

Тие не сакале да ја напуштат зградата и дале пасивен отпор, но полицијата ги извадила и ги привела. За сè е известено надлежното обвинителство, додаваат оттаму.

„Достојни за Србија“ на нејзината официјална веб-страница се декларира како движење предводено од волјата на народот на Србија, кое ги обединува сите поединци и групи што се борат со иста цел, а тоа е, пред сè, ослободување, а потоа духовно и материјално исцелување на Србија.

Share
Scroll to Top