Aкутната фаза на пандемијата со коронавирус ќе заврши во 2022, предвидува Бил Гејтс

пред 3 години

Акутната фаза на пандемијата на коронавирус ќе заврши во 2022 година, предвиде основачот на Мајкрософт Бил Гејтс на својот блог, но појавата на новиот сој омикрон ја нарече загрижувачка, пренесуваат агенците.

„Можеби не е паметно да се предвидат работите, но мислам дека акутната фаза на пандемијата ќе биде завршена во одреден момент во 2022 година“, напиша милијардерот на својот блог.

Фармацевтските компании во минатото имаа големи проблеми со продажбата на нивните вакцини против грип, бидејќи тие имаат релативно ниска ефикасност во споредба со другите вакцини, бидејќи научниците треба да предвидат кој вид на вирусот ќе биде распространет во дадена година.

Гејтс, сепак, има цврст став кога станува збор за терапии и истакнува дека фармацевтскиот гигант „Мерк“ неодамна доби одобрение од ФДА за својот антивирусен лек молнупиравир, кој се препишува на луѓе со висок ризик од Ковид-19. Овој лек значително ги намалува шансите за хоспитализација или смрт од коронавирус, напиша тој.

Гејтс призна дека, и покрај широката употреба на вакцини против Ковид-19 ширум светот, повеќе луѓе починале во 2021 година отколку во 2020 година, додавајќи дека подобрувањето оваа година не било „драматично“, како што се надевал.

Инаку, богатството на Гејтс се зголеми на 137 милијарди долари за време на пандемијата и тој стана четвртиот најбогат човек во светот.

Тој ја нарече појавата на новиот сој омикрон загрижувачка но нагласи дека светот е подобро подготвен да се бори со потенцијално опасните варијанти отколку што беше. Инаку, јужноафриканските научници кои ја открија варијантата омикрон тврдат дека симптомите на болеста предизвикана од овој вид на вирусот се генерално поблаги.

Share
Scroll to Top