Aлбанија e на трето место во Европа по барања за азил за деца

пред 3 години

Иако пандемијата од Ковид-19 ги ограничи патувањата, поднесени се повеќе од 2.000 барања за азил за деца од Албанија во една од земјите на Европската Унија и Швајцарија, пренесуваат европските гласила.

Во најновиот извештај на Европското биро за статистика се наведува дека 12% од вкупниот број барања за азил се од Албанија. На прво место е Турција со 24 проценти, а потоа следи Русија со 23 проценти.

Пропорционално на населението во овие земји, Албанија е на прво место.

Молдавија е на четвртото место со 10 проценти, следна e Србија со 8 проценти.

Според податоците, Франција најчесто се споменува во барањата за деца од Албанија.

Како што е наведено во податоците на Евростат, во 2020 година, од Албанија се поднесени 2.125 барања за земјите на ЕУ и Швајцарија, а 83% од барањата се однесуваат на деца под 14-годишна возраст.

Во споредба со претходната година, побарувањата се намалени трипати, поради пандемијата, пишуваат агенциите.

Share
Scroll to Top