Eвропската Kомисија поведе правна постапка против „Астра зенека“

пред 4 години

Европската Комисија денеска објави дека покренала правна постапка против „Астра зенека“ за непочитување на договорот за испорака на вакцини против Ковид-19 и заради недостаток на сигурен план за обезбедување навремена испорака, пренесува Ројтерс.

„Комисијата започна правна постапка против „Астра зенека“ минатиот петок“, рече портпаролот на прес-конференција, објави Ројтерс.

Тој посочи дека сите 27 земји-членки на ЕУ го поддржаа овој потег.

Share
Scroll to Top