Црна Гора останува атрактивна цел за Москва, поради што САД и евроатлантските партнери треба да ги засилат колективните напори за да се спротивстават на непријателските дејствија на рускиот претседател Владимир Путин, изјави американскиот специјален пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар.
Тој за медиумите во регионот изјави дека истата погрешна идеологија го тера Кремљ да ја забави и спречи евроатлантската интеграција на Балканот.
Ескобар апелираше до сите во Западен Балкан да побараат одговорност од Путин за неговата одлука да создаде нехумано страдање за народот на Украина.
„Како се одвива сета оваа хуманитарна катастрофа, треба да се запрашате на што е подготвен Путин на некое друго место, вклучително и на Западен Балкан“, истакна Ескобар.