Hermès стравува од нови грабежи за време на протестите во Франција

Hermès стравува од нови грабежи за време на протестите во Франција

пред 5 часа

Hermès, производителот на култните чанти „Биркин“ (Birkin), ги засили безбедносните мерки во своите продавници во Франција по протестите за време на кои беше ограбен нивниот бутик во Марсеј. Ова го изјави главниот финансиски директор на компанијата, Ерик ди Алгуе, пренесува „Ројтерс“.

Додека им ги претставуваше на аналитичарите резултатите од продажбата на компанијата за третиот квартал, Ди Алгуе рече: „Во моментов е прерано да се процени какво влијание ќе има ова врз работењето на нашите продавници, а особено врз туризмот“.

Тој, исто така, напомена дека бутикот во Марсеј нема да биде отворен наскоро.

Текстот Hermès стравува од нови грабежи за време на протестите во Франција е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top