WSJ: Маск наредил забавување на „Старлинк“ во Украина

WSJ: Маск наредил забавување на „Старлинк“ во Украина

пред 1 час

Илон Маск наредил забавување на воениот сервис „Старшилд“ – кој се потпира на сателитската мрежа „Старлинк“ и го користи украинската војска – се наведува во извештај на „Волстрит журнал“. Извори на кои се повикува весникот наведуваат дека ограничувањето било воведено минатата недела, при што биле погодени украинските напаѓачки дронови, како и дроновите-пресретнувачи што се користат за спротивставување на руските беспилотни летала.

Терминалите ја губеле врската кога се движеле со брзина поголема од 160 километри на час. Ова претставува проблем за дроновите, кои мора да летаат со големи брзини за да пресретнат руски летала или да избегнат одбранбени мерки. Украински претставници изјавија дека ограничувањата биле воведени без претходно предупредување, што довело до попречување на неколку воени мисии.

Ограничувањата доаѓаат по спор околу украинските напади
„Волстрит журнал“ пренесува дека и Маск и Трамп биле незадоволни од украинските напади врз руските рафинерии за дизел. Трамп ги поврза овие напади со високите цени на енергенсите. Според извори на весникот, Маск и Трамп разговарале за ограничувањето откако тоа станало јавно познато; еден извор тврди дека тие разговарале за тоа дури и пред неговото спроведување.

Извештајот отвори дополнителни прашања во Киев и предизвика збунетост во американската администрација околу тоа кој ја донел одлуката. „Волстрит журнал“ исто така наведува дека Белата куќа започнала неформална истрага за овој случај.

Маск и Трамп ја префрлаат одговорноста
Трамп негираше дека тој наредил воведување на ограничувањето и изјави дека не верува оти за тоа е одговорен Маск.

Од друга страна, Маск на социјалната мрежа „Икс“ напиша дека „Старшилд“ е во сопственост и под контрола на американската влада, а дека ограничувањата за брзината и користењето ги одредуваат американската војска и претседателот.

Текстот WSJ: Маск наредил забавување на „Старлинк“ во Украина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top