Австралиската министерка за одбрана шокирана од видеото од Авганистан

пред 4 години

Австралиската министерка за одбрана, Линда Рејнолдс, изјави дека се шокирала кога го видела видеото од Авганистан.

На видеото, припадник на австралиските специјални воени сили пука во невооружен човек кој седи на земја во Авганистан.

Рејнолдс додаде дека е тотално и апсолутно згрозена и шокирана од резултатот на истрагата која потврди дека австралиските војници убиле 39 невооружени цивили и затвореници за време на американската војна во Авганистан, објави „Дејли мејл“.

Илјадници одликувани војници сега може да останат без медали, по документот на 465 страници во кој се вели дека австралиските команданти кои ги занемаруваат злосторствата на своите подредени не можат да ги задржат своите медали со чиста совест, додава „Дејли мејл“.

Инаку, австралиските власти вчера објавија дека 19 сегашни и поранешни војници ќе бидат испратени кај специјален истражител.

Share
Scroll to Top