Австралијанка осудена на 4 години затвор затоа што лажирала дека нејзиниот 6-годишен син има рак

Австралијанка осудена на 4 години затвор затоа што лажирала дека нејзиниот 6-годишен син има рак

пред 1 час

Австралијка која го лажирала ракот на својот шестгодишен син за да собере донации и да финансира раскошен живот е осудена на повеќе од четири години затвор. За пресудата извести BBC News.

За да ги убеди семејството и пријателите дека собира пари, 45-годишната жена од Јужна Австралија му ги избричила главата и веѓите на својот син, му ги преврзала главата и рацете и му дала лекови. Жената, чие име не може да се објави од правни причини, се изјаснила за виновна за дела што веројатно би можеле да му наштетат на детето, како и за десет точки од обвинението за измама. Судијата на Окружниот суд ги опиша нејзините постапки како „сурови, пресметани и манипулативни“ при изрекувањето на пресудата денес.

Измамата, како што беше кажано на судот, започнала откако нејзиниот син посетил офталмолог по несреќа. По прегледот, таа му кажала на својот сопруг, семејството, пријателите и училиштето дека момчето има рак на очите. Го ставила својот син во инвалидска количка и му ги ограничила дневните активности за да изгледа дека прима зрачење.

Нејзиниот сопруг исто така првично беше обвинет, но полицијата подоцна го отфрли случајот. Во својата изјава за последиците кои ги претрпел како жртва, тој рече дека неговата сопруга „го уништила неговиот живот и животите на неговите деца“.

„Ти верував целосно како моја сопруга и никогаш не се сомневав во тебе. Бев посветен на нашето семејство. Сега се чувствувам како пион во шаховска игра“, ѝ порача тој.

По напуштањето на судот, сопругот им рече на медиумите дека „ниту една казна не може да го оправда она што им беше направено на моите деца“, објави Australian Broadcasting Corporation. Жената беше осудена на четири години и три месеци затвор и ќе има право на условна слобода во април следната година.

Текстот Австралијанка осудена на 4 години затвор затоа што лажирала дека нејзиниот 6-годишен син има рак е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top