Вчера, повеќе од 80 научници го критикуваа извештајот за климатските промени на администрацијата на Трамп осудувајќи ги методолошките недостатоци, манипулацијата со фактите и упатувањата на дискредитирани истражувања.
Документот, објавен од Министерството за енергетика кон крајот на јули, оспорува неколку научни консензуси за зголемувањето на екстремните временски настани, зголемувањето на температурите во Соединетите Американски Држави и штетните ефекти од емисиите на CO₂.
„Овој извештај е пародија на науката“, изјави Ендру Деслер, професор по атмосферски науки на Универзитетот „Тексас А&М“.
Во документот од повеќе од 400 страници научниците ја истакнуваат употребата на „тактики слични на оние што ги користи тутунската индустрија“. Меѓу нив е и тврдењето дека високите концентрации на CO₂ во атмосферата се всушност корисни за земјоделството или дека закиселувањето на океаните не е толку голем проблем бидејќи животот еволуирал во кисели води.
По враќањето на власт, Доналд Трамп го смени курсот во борбата против климатските промени повторно повлекувајќи ја водечката светска сила од Парискиот договор за климата поткопувајќи ги научните агенции и поништувајќи многубројни мерки за заштита на животната средина.
фото: принтскрин
Текстот Американски научник: Извештајот на Трамп за климата е пародија на науката е превземен од МАКФАКС.