Атентат на Роберт Фицо: министерот за полиција бара свикување на Советот за безбедност на Словачка

Атентат на Роберт Фицо: министерот за полиција бара свикување на Советот за безбедност на Словачка

пред 2 години

Словачкиот министер за внатрешни работи, Матус Шутај Ешток, денеска ќе побара од вицепремиерот Томаш Тараба да го свика Советот за безбедност на Словачка по атентатот на премиерот Роберт Фицо.

Министерот за внатрешни работи информира дека ќе ја зајакне заштитата на политичарите и одредени медиуми, пренесува словачки „Та3“.

Министерот ова го изјави на прес-конференција во болницата во која Фицо беше опериран по вчерашниот атентат во градот Хандлови, во кој беше тешко повреден кога 71-годишниот напаѓач го нападна со неколку истрели од непосредна близина.

Текстот Атентат на Роберт Фицо: министерот за полиција бара свикување на Советот за безбедност на Словачка е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top